1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Титов-решението за Косово ќе биде преседан

22 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Btdv

Било какво решение за Косово ќе има ефект на преседан за други делови во светот и во Европа. Јас верувам дека во меѓународната зедница се’ повеќе се зацврстува свеста за тоа дека унилатерално прогласување независност од страна на Косово ќе биде најлошо решение, изјави денеска во Скопје заменик-шефот на руската дипломатија Владимир Титов. Освен регионалните прашања, теми на разговорите се и билатералните односи меѓу Русија и Македонија.