1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тисен Круп“ укинува работни места

АТ/ макфакс/ дпа/ афп15 мај 2013

Концернот за производство на челик „Тисен Круп“ ќе укине натамошни 3.000 работни места - овојпат во администрацијата

https://p.dw.com/p/18Y0p
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот гигант на тешката индустрија „Тисен Круп“ објави денеска дека планира да укине 3.000 административни работни места во филијалите ширум светот, по неуспешните инвестиции во работењето со челикот во странство. Тоа значи дека секое петто работно место во администрацијата на оваа компанија ќе биде укинато.

„Вупниот број на вработени на административните работи во нашата групација ќе биде намален за околу 3.000, од сегашните околу 15.000“, известија од компанијата, која неодамна најави и укинување на над 2.000 работни места во европското работење со челикот.

„ТисенКруп“ извести дека поради голем отпис на вредностите на новите челичани во Бразил и САД повторно работел во минус во второто тромесечје. Деловната година инаку трае од октомври до септември. Во вториот фискален квартал, од јануари до март, компанијата остварила загуба од 89 милиони евра, по скромната добивка од 29 милиони евра во претходното тромесечје.

Приходите на годишно ниво се намалиле за 10,7 отсто, на 9,102 милијарди евра, а вредностите на нарачките паднале за 12,7 отсто на 9,676 милијарди.

Концернот „Тисен Круп“ со овие мерки на штедење планира во наредните три години компанијата да заштеди околу 250 милиони евра.