1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешкото секојдневие на Вуковар

Игор Ласиќ/ Жана Ацеска18 ноември 2012

Еднаш годишно сите очи во Хрватска се вперени во Вуковар. Но, градот целата година страда од последиците од војната. Жителите се чувствуваат напуштени од власта.

https://p.dw.com/p/16lDW
Фотографија: Wikipedia/El capitan - sa

По повод 21-годишнината од падот на Вуковар, за денешната ситуација во градот за ДВ зборува Зоран Шангут, хрватски бранител и претседател на Здружението на правници „Вуковар 1991“.

Веруваме дека секоја година во ова време правите биланс за придвижувањето на Вуковар во однос на трагедијата од пред две децении. Каков би бил тој денес?

Со оглед на трагедијата, големината на злосторството и сето друго, ми паѓа в очи дека ниту еднаш по мирната реинтеграција во Вуковар немало поголеми меѓунационални инциденти. Освен тоа, ако се вратиме во 1991. година, уште тогаш имаше голем број Срби кои изјавуваа дека Хрватска е нивна татковина, а Вуковар нејзин составен дел. Ниту јас од почеток не го делев градот на Хрвати и Срби, туку на оние кои го напаѓаа и градеа, така го третирам и денес. Често разговарам со оние кои тогаш го напаѓаа, а меѓу нив има доста кои денес велат, ако може да се врати времето, би биле на другата страна. Но, јасно, има и такви кои никогаш нема да ја прифатат Хрватска за своја татковина и жалаат што нивната политичка опција изгуби во војната.

Како се живее денес во Вуковар?

Се живее тешко, како и во секој друг град во Хрватска, иако, голема е болката кај оние на кои по падот на градот им загина некој од најмилите и се‘ уште му нема траг. Тоа веројатно е и општествен проблем број еден за градот. Сега конечно проговорија и жените кои биле силувани во Вуковар. Тој проблем и некои други злостосртва, не за време на агресијата, туку подоцна, за време на окупацијата на градот, е најголем поради тоа што жртвите не чувствуваат дека оваа држава направила доволно за истрага на злостосртвата и нивно процесуирање.

Zoran Sangut
Зоран ШангутФотографија: DW

Дали меѓунационалните односи во Вуковар би се поправиле ако се подобри економската ситуација?

За оние кои загубиле некој најблизок, тоа не е пресудно, болката за нив е посилна од се‘. Ним не им е до станови и државна помош. За останатите, мислам дека невработеноста генерално предизвикува огромни фрустрации и така потешко се пднесува секоја друга болка.

Може да се заклучи дека жителите на Вуковар изминатите 21 година не беа поттикнувани да се вратат?

Вуковар е град кој се иселува. По враќањето од прогонство, луѓето денес се‘ почесто се откажуваат и се селат во Загреб, на море, во странство. Од 17 или 18 илјади прогонети Хрвати, се вратија 13 или 14 илјади, а многумина сега повторно заминуваат. Мислам дека меѓу Србите постои поинаков тренд, со оглед на ситуацијата во Србија, каде животот е потежок отколку во Хрватска. Тие во Вуковар со Хрватите пропорционално ги делат работните места во јавните и државните служби, а платата на пример на претседателот на Жупанскиот суд е сигурно поголема од платата на претседателот на Република Србија.

Јас на крајот апелирам за целсоно расветлување на случувањата во Вуковар, злосторства имаше на двете страни, треба да се докаже целата вистина, ништо да не се турка под тепих, зашто со тоа подоцна ќе ниде само потешко.