1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тешка група за ватерполистите

19 февруари 2012

Македонските ватерполполисти во денешната ждрепка за квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Лондон, добија за противници исклучиво силни европски репрезентации.

https://p.dw.com/p/145gp
Фотографија: DW

Македонската ватерполо репрезентација денеска ги доби противниците во групата А за олимписките квалификации кои од 1-ви до 8-ми април ќе се одржат во Едмонтон, Канада.
Македонската репрезентација немаше среќа во извлекувањето, бидејќи за противници доби репрезентации од Европа. Во А групата покрај Македонија се наоѓаат уште Црна Гора, Германија, Грција, Романија и Холандија. Во втората група ќе настапуваат Шпанија, Канада, Турција, Венецуела, Бразил, Аргентина и Турција.
Четирите првопласирани репрезентации од двете групи ќе ги продолжат борбите во четвртфиналето, а четирите најдобропласирани репрезентации (победниците во четвртфиналето) на овие квалификации ќе изборат пласман на Олимписките игри во Лондон.
Македонската ватерполо репрезентација во Едмонтон по вторпат ќе учествува на олимписки квалификации, пред четири години во Орадеа, Романија, таа го освои 8-то место.

Автор:СН/ЖА/миа/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска