Тешка бродска несреќа во Хонг Конг
2 октомври 2012Реклама
Властите во Хонг Конг соопштија дека телата на 36 лица се пронајдени во утринските часови и оти потрагата продолжува. Повеќе од сто лица се повредени и пренесени во болница. , јави државната кинеска новинска агенција Синхуа.
Патничкиот брод потонал многу бргу по сударот. Со спасувачки чамци, хеликоптери и нуркачи и натаму се трага по преживеани во несреќата. Повеќе од 120-те патници на бродот кој потона по сударот , меѓу нив и многу деца, сакале да го гледаат огнометот во пристаништето Викторија по повод националниот празник на Кина -1 октомври. Се’ уште не е познато како дошло до сударот меѓу двата брода.