Техниката поскапа во 2009 година
5 јануари 2009Реклама
Растот на курсот на јенот во однос на доларот (12 отсто), заедно со растот на доларот во однос на еврото (16 отсто), ќе влијае врз цената на готовиот производ, бидејќи јапонските производители на електроника изработуваат најголем дел од компонентите за таа индустрија во азиските земји.
Производителите на електронски апарати се сепак оптимисти, бидејќи во тешки времиња луѓето сакаат да уживаат, па кога нема дa можат да трошат на патувања или на скапи автомобили, парите ќе ги даваат на производи за разонода во домот, сметаат аналитичарите.