Теута Арифи-кандидат за градоначалник на Тетово
5 јануари 2013Реклама
Македонската вицепремиерка задолжена за европски прашања, Теута Арифи, ќе биде кандидат на владејачката ДУИ за градоначалник на Тетово на мартовските локални избори, решено е на вчерашниот (04.01) состанок на Централното претседателство на партијата.
Како што јавува „Порталб“, одлучено е во трката за градоначалничката функција во Гостивар да се вклучи Невзат Бејта, додека адут на ДУИ во Дебар ќе биде Ружди Љата.
За Струга кандидат на владејачката партија ќе биде актуелниот пратеник Арбен Љабеништа, додека во Чаир повторно мандат од граѓаните ќе побара Изет Меџити.
Во Кичево е кандидиран Фатмир Дехари, за Липково Садула Дураку, во Сарај Беким Мурати, во Боговиње Хазби Идризи, а адут за Желино е Фатмир Изаири.