1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тесни контакти на ЦИА со режимот на Гадафи

3 септември 2011

Американската тајна служба тесно соработувала со режимот на долгогодишниот властодржец во Либија, Моамер ел Гадафи, пишуваат неколку американски и британски весници, повикувајќи се на документи пронајдени во Либија.

https://p.dw.com/p/12SXs
Моамер ГадафиФотографија: dapd

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ во денешното издание пишува дека ЦИА на испитување во Либија испраќала лица осомничени за тероризам. Станува збор за распити по кои Либија беше позната и за време на кои испитуваните личност се малтретираат. Освен тоа британската тајна служба  МИ-6 соработувала со либискиот режим и меѓу другото за него проверувала телефонски броеви.

Соработката со Либија била интензивирана откако Моамер ел Гадафи официјално се одрекол од оружјето за масовно уништување. ЦИА и британското министерство за надворешни работи се’ уште не се огласиле во врска со пишувањата на „Њујорк Тајмс“ но и на британскиот весник „Индепендент“. Портпаролката на ЦИА Џенифер Јангблад само изјави дека „не е изненадување дека ЦИА соработувала со странски влади за да се помогне во одбраната на САД од тероризам и останати закани“.

Весникот „Вол стрит џурнал“, пак пишува за тесна соработка на режимот на Гадафи со американската тајна служба за време на претседателствувањето со САД на Џорџ Буш помладиот. Документите на кои се повикуваат американските и британските весници се пронајдени во канцеларијата на поранешниот шеф на либиската тајна служба Муса Куса.

Автор: СН/ЖА/ртр/дв

Редактор: Жана Ацеска