Терор повторно ја потресе Индија
27 јули 2008Нападите биле добро координирани - 16 темпирани бомби, најчесто сместени на велосипеди поставени на места со поголема фреквенција на луѓе, експлодирале во две рунди; некои од нив во втората рунда и пред болници во кои биле донесени ранетите од првите експлозии. Полицијата ноќта пронашла и други експлозивни направи поставени во рикши, автобуси и моторцикли.
Организацијата „Индиски муџахедини“ ја презема одговорноста за нападите, вклучително и оној во Џајпур во мај годинава, како и лани во 4 градови, а ги образложува како одмазда за жртвите во судирите пред 6 години. Тогаш муслиманите запалија воз со хиндуистички аџии, а во масакрите што уследија загинаа околу 3 илјади луѓе, најголемиот дел муслимани.
Претседателот на Индија Пратиба Патил ги осуди нападите. Заменикот индиски министер за внатрешни работи Шри Пракаш Џајсвал зборуваше за комплот за дестабилизација на земјата. „Не треба никому да дозволиме нападиве да ги земе како повод за уште повеќе терор и да создава уште повеќе проблеми за луѓето“, рече Џајсвал.
►◄