Тенкови против опозицијата во Сирија
31 јули 2011На северозапад на Сирија армијата навлегла со тенкови во градот Хама, седиште на протестнотот движење, информираат очевидци. Повеќе од 20 лица биле убиени, а многумина повредени, пренесуваат жителите на градот. Агенцијата АФП повикувајќи се на информации од активисти за човекови права информира, дека биле убинеи 45 лица. Војниците навлегле во градот и отвориле оган врз цивили, изјавил за агенцијата шефот на Организацијата за набљудување на човековите права во Сирија со седште во Лондон, Рами Рахман.
Хама речиси еден месец е опколен од сириската војска. Еден лекар за агенцијата Ројтерс изјави дека од тенковите било стрелано и дека биле рушени барикади. Снабдувањето со електрична енергија и вода во градот е прекинато.
Претходно група активисти информираа дека и во градот Деир ал Сор на истокот на земјата биле употребени тенкови.
Овие информации неможат да се проверат од независни извори, бидејќи Сирија ги протера повеќето странски новинари.
Автор: АТ/ СН/ дв/ афп
Редактор: Симе Недевски