Тензија во мултикултурен Лондон
24 мај 2013Убиството на еден британски војник среде бел ден го подели мултикултурното општество на лондонската населба Вулвич и разбуди стравови за противнапад врз британските муслимани. Жителите на социјално слабиот регион на југот на Лондон сепак брзо се изјаснија дека сакаат мир и помирување.
Генералниот секретар на британскиот Совет на муслиманите, Фарук Мурад зборуваше за „гнев и шокираност“ поради инцидентот. Сторителите го „навредија Алах и ја понижија нашата вера“, рече тој и жестоко го осуди делото. Пораките на релизгионзите водачи и на премиерот меѓутоа во „охрабриле“.
Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон во Вулвич зборуваше со полицијата и претставници на месната заедница. Џонсон нагласи дека на убиството треба да се гледа како на религиозно мотивирано злосторство. „Овде прашањето не е, да се обвини исламот или аспекти од британската надворешна политика (...) Секој може да види дека вината за овој напад треба да се бара само во главите на оние кои беа одговорни за ова дело“.
Еден претставник на локалната Заедница на сиките за ДВ рече дека „ние сите сме одлучни да ги зачуваме хармонијата и мирот“.
Измешани реакции
Жителите на населбата нагласуваат дека Вулвич вообичаено е мирна околина. Еден жител, кој овде живее веќе пет години, вели дека населбата е мулитикултурна. „Секој живее како во едно големо среќно семејство. Не верувам дека имало причина, тоа токму тука да се случи. Вообичаено ова навистина не е опасна средина“.
„Јас овде во близината одам в црква“, дополнува тој. „И кога такво нешто се случува овде, терористички чин, и го извршиле муслимани, тогаш исто и за нас христијаните не е добро. Тоа е како да се каже, сите муслимани напаѓаат други луѓе, но тоа не е точно. Мислам дека весниците пишуваат дека тоа беше религиозна работа, но јас не верувам во тоа“, вели тој и подвлекува дека почитува секоја вера.
Меѓутоа на улиците на Вулвич има многу гневни луѓе, осбено меѓу белците од работничката класа. Една жена чија ќерка и‘ оди во блиското училиште, е шокирана од тоа што се случи.
„Градоначалникот на телевизија рече дека не можело да се обвини исламот. Но, се' што гледаме се примери од муслимани како тероризираат луѓе, значи тоа сепак мора да игра некоја улога“, изјави жената за ДВ. „Не може постојано да се вели дека тоа нема поврзаност со исламот, оти тие се сепак кои ги прават овие работи“, продолжува жената и се пожали на зголемувањето на бројот на доселениците во нејзината населба.
Меѓу населението кое не е од белата раса владее нервоза. Еден минувач, кој потекнува од Намибија и пред пет години дошол во Лондон, атмосферата по убиството ја опишува како „затегната“.
„Мислам дека тоа (убиството) е страшно, екстремистите не би требало да бидат прифатени“, рече тој во разговор за ДВ.
Во околината на касарната на војската вчера (23.5) повторно беше мирно. Некои граѓани оставаа цвеќиња пред портата. На една карта пишуваше „Почивај во мир - за паднатиот војник“.
Една продавачка во една кладилница од другата страна на улицата вели дека „останала без зборови“ поради однесувањето на убиецот, кој својата жртва ја избоде со ножеви.
Еден од двајцата мажи потоа беше снимен од минувачи, како се извинува бидејќи јавноста морала ова да го гледа; но дополни редица политички изјави. „Се извинувам, што жени го гледаа ова овде, но во нашата земја жените мораа да го гледаат истото. Вие луѓе никогаш повеќе нема да бидете безбедни“, рече човекот пред камерата. Подоцна тој беше уапсен од полицијата.
„Фактот дека мислеше дека може она што го сторил да го оправда со религијата е едноствано .... Мислев дека она што го направи ги озлогласува сите муслимани“, рече жената од кладилницата. „Едноставно беше шокантно“.