1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тенет се раздели од ЦИА

4 јуни 2004

Шефот на американската тајна служба Џорџ Тенет вчера поднесе оставка. По седум години на таа функција во обрѕалжението до претседателот Џорџ Буш, Тенет наведува лични причини за неговиот чекор.

https://p.dw.com/p/AcNA
Џорџ Тенет - шеф на ЦИА во оставка
Џорџ Тенет - шеф на ЦИА во оставкаФотографија: AP

Тенет ја уживаше довербата на двајца американски претседатели. Шеф на ЦИА стана во времето на преходникот на Буш, Бил Клинтон. Самата оставка не предизвика изненадување во Вашингтон, туку времето во кое ја поднесе. Буш го означи Тенет како исклучително силен и способен:

“Џорџ Тенет беше службеник со кого беше задоволство да се соработува. Тој беше способен и силен шеф на ЦИА и силен лидер во борбата против тероризмот“.

Тенет меѓутоа, политички беше спорна личност. Во врска со неможноста на ЦИА да ги спречи терористичките напади од 11 септември 2001, постојано беше на удар на критиките. Тие се засилија уште повеќе откако информациите на ЦИА за наводното оружје за масовно уништување во Ирак на Садам Хусеин се покажаа недоволни, иако Тенет тврдеше дека е сосема јасно оти Ирак располага со такво оружје.

Демократскиот кандидат за американски претседател Џон Кери уште во предизборната битка бараше оставка на шефот на ЦИА:

“Уште пред неколку месеци барав оставка на на Џорџ Тенет. Верувам дека во Циа не беше преземна доволна одговорност. Жалам за оставката зашто лично го познавам, но тоа е принципот на одговорност“.

Тенет ја презеде ЦИА во 1997 година во период кога таа баше недоволно финансирана, без кадри и застарена. Во негово време ЦИА се модернизира, пред се во борбата против тероризмот. Тенет ќе остане шеф на ЦИА до летото, по што вршител на должноста до претседателските избори ќе биде Џон Меклафлин.