1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Теми за политичка дебата или ревизија на Охридскиот договор?

Александар Чомовски31 мај 2007

Опозицијата во Македонија се сомнева зошто се затскрива договорот меѓу Груевски и Ахмети,лидерот на ДУИ ,Шеќеринска,оцени дека е тоа ревизија на Охридскиот договор.

https://p.dw.com/p/AnxY
Шеќеринска бара разјаснување на договореното
Шеќеринска бара разјаснување на договоренотоФотографија: Petar Stojanovski

Политичките страсти во Македонија повторно се загреваат,дилемите дали најновите усмено -писмени договори меѓу премиерот Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети се ревизија на Охридскиот договор со набележувањето и на темите официјален албански јазик и на цела територија на земјата,избор на влада според етнички клуч,теми што допрва би требало политички да се дебатираат,не ги оставија рамнодушни опозициските партии.Лидерот на СДСМ реагираше откако во Собранието беше спречен обидот да се разговара околу договорот меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ:

„Договорот меѓу Груевски и Ахмети кој дефинитивно постои,само ВМРО ДПМНЕ глуми дека е фантомски,не е личен документ на Ахмети и Груевски,одлучија да влезат самостојно во ревизија на Охридскиот договор,кој што го сметавме за гаранција на македонската стабилност“,рече Радмила Шеќеринска.

Премиерот Груевски ги предупреди соговорниците од ДУИ да не ја лажат јавноста за свои внатрешнопартиски потреби,постои само усмен договор за 46-те закони што во Парламентот ќе се галсаат според Баденетеровото правило и формирање на нов Етнички комитет и закон за него:

„За ништо друго немаме постигнато согласност,јас разбирам дека ДУИ можеби има проблем да им објасни на своите членови за некои свои постапки,но не е чесно да ги лаже,затоа што како што вели народот,на лагата и се кратки нозете,порано или подоцна ќе се видат работите.За другите прашања имаме согласност да разговараме за се што сакаат.Мислам дека не е добро да се лажат граѓаните.“

Но и премиерот не сака да потврди зошто на преговарачката маса имало англиска верзија и зошто тоа се затскрива,еден од преговарачите и експерт за Рамковниот договор појаснува:

„За употребата на јазиците не беше разгледувано на работните групи,на нив само беше зајкучено дека тие прашања можат да бидат разгледувани ако ДУИ ги покрене во нормална процедура пред Собранието,колку што мене ми е познато,а јас мислам дека доволно ми е познато,не постои никаков договор или документ.“

„Подготвување и доставување на закон до Собранието за употреба на јазиците,продолжување на дијалогот и дискусиите во Парламентот за методологииите на формирање на влада“;рече надвор од собраниската говорница Џевад Адеми,генерален секретар на ДУИ,кој ја потврди англиската верзија со пет точки за реализација или за натамошни политички дебатирања, овој пат во рамките на институцииите на системот.