ТВ магазин на ДВ на македонски јазик
8 јуни 2012Македонската редакција во Дојче веле (ДВ) зачекорува во светот на телевизијата: од 10.06.2012 емитува телевизиски магазин „Европанорама“. Тоа е вториот медиум на Дојче веле на македонски јазик, по интернетот.
Наш партнер во проектот е Алфа ТВ, на чија програма секоја недела во ДВ ја пренесува сликата од случувањата во Европа преку конкретни животни приказни. Во „Европанорамата“ зборуваме за економија, политика, социјални прашања, но и за култура, спорт и занимливости од стариот континент.
Доколку ја пропуштите премиерата, на Алфа ТВ ќе можете да го следите репризното издание на „Европанорамата“.
Телевизискиот магазин, се разбира, ќе можете да го најдете и погледате и на нашата интернет-страница www.dw.de/macedonian
Македонската редакција на ДВ ве информира за најновите случувања во светот и особено за заднината на настаните преку содржините на интернет. Ни останува целта што си ја зададовме - секогаш да бидете добро и објективно информирани. Веруваме дека и телевизискиот магазин „Европанорама“ ја има вашата доверба, почитувани, корисници на интернет, а сега и гледачи, оти Дојче веле на македонски е приказна за меѓусебна доверба што трае повеќе децении.