1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тачи: Не сум за промена, туку за отворање на границите

Марина Максимовиќ/ Жана Ацеска 26 јули 2012

Пред продолжението на дијалогот Белград-Приштина од Белград се слушаат и идеи за унапредување на досегашниот технички со дијалог на повисоко политичко ниво. Што мисли косовскиот премиер Хашим Тачи?

https://p.dw.com/p/15esl
Фотографија: Reuters

ДВ: Во Брисел велат дека се отворени опциите за продолжување со досегашниот дијалог или да се тргне веднаш со нов формат. Како Вие го гледате продолжението на дијалогот со Белград? Дали сте подготвени на разговори на повисоко политичко ниво, кои евентуално би опфаќале и стстусни прашања за Косово?

Хашим Тачи: Ние пред две години го почнавме дијалогот за техничките прашања. Постигнати се одредени договор. Она што е сега потребно е нивна примена пред да започне дијалог за други технички прашања. Нема успех на иден дијалог без имплеменација на досега договореното. Се залагам Косово да има добрососедски односи, за добра соработка и европска преспектива за Косово и за Србија. Косово на 11. септември ја завршува фазата на надгледувана независност. Досега не‘ признаа 91 земја и Косоов во целост ја консолидира својата државност. Секако дека зголеменото ниво политички контакти е во интерес на овие две држави, забрзување на процесот на реципрочно признавање како независни држави, Косово и Србија да се интегрираат во НАТО и во ЕУ. Прашањето на статусот, политичкото решение за Косово, меѓутоа, е затворено еднаш засекогаш. Косово е суверена и независна земја. Засега одржуваме состаноци на политичко ниво со сите наши соседи и нема да има изненадувања ако тоа се случи и со Србија.

ДВ: ЕУ вели дека и од Косово и од Србија очекува нормализирање на меѓусебните односи. Што Вие, во конкретниов случај сметате под терминот „нормализација“? Земајќи го во предвид составот на новата српска влада и нејзиното „политичко минато“, гледате ли повеќе простор сега за нормализација на односите во споредба со соработката со претходната влада во Белград?

Хашим Тачи: Политичкото раководство во Србија е производ на волјата на српскиот народ. Важно ми е да работам на добрите државни односи на двете земји. За нас не се толку битни имињата на лидерите во Србија, за нас е најважен нивниот европски став кон Косово. Она што ни треба во регионот е проевропско Косово, проевроспка Србија и цел проевропски Западен Балкан, за сите да напредуваат во евроатлантските структури.

ДВ: Што подразбира за Вас нормализацијата на односите на Србија и Косово?

Хашим Тачи: Засекогаш да се затвори поглавјето на минатото, поглед кон индината. За таа цел веќе предложив и е воспоставена Комисија за вистина и помирување, за да се работи на затворањето најмрачните поглавија, да се работи на иднината и на интеграцијата. Да не останеме заложници на минатото, туку заеднички да работиме на напредок.

ДВ: Медиумите веќе шпекулираа со Ваша можна средба со идниот српски премиер, Ивица Дачиќ. И самиот велите дека таков вид состаноци со српските државници не би бил изненадување. Во разговор за Дојче веле, мандаторот Ивица Дачиќ изјави дека според негово мислење, поделбата на Косово можеби би била најдобарата идеја. Што би бил Вашиот одговор на ова?

Хашим Тачи: Поделбата на Косово е сон кој никогаш нема да се оствари, без разлика кој го споменува. Тој сон долго постоеше во Белград но заврши еднаш засекогаш на 25. јули лани, кога косовските институци ја презедоа контролата врз граничните премини. Косово е целина и ќе остане неподелено во сегашните граници, како такво е и меѓународно признато. Косово е европска земја и што повеќе работиме на тие стандарди, е во интерс на сите. Секој повик на промена на границите на Косово е опасен по мирот и стабилноста на регионот.

ДВ: Која би била Вашата порака до Србите во северниот дел од Косово во моментов?

Хашим Тачи:  Мојата порака до граѓаните кои живеат во северниот дел од Косово е да веруваат повеќе во косовските институции. Тие се граѓани на Косово. Јас сум им на располагање на сите во тој дел од Косово мора да владее правото, слободата на движење, демократија и економски развој . Мојата порака кон нив е порака на вистината, додека пораките кои ги добиваат од Белград се лаги кои ги одржуваат во лимбо-состојба. Не би требало да дозволат да продолжат да живеат во состојба на залажувања од политичарите од Белград, туку би морале да ја признаат реалноста-дека имаат економски развој, подобар живот. Секојдневниот живот на Србите се промени во поголемиот дел од Косово. Тие имаат свои општини, одлично соработуваат на централно, но и на локално ниво. Се менуваат социоекономските услови, се отвораат нови работни места. Сакам да ги уверам граѓаните на Косово дека ќе го почитувам легитимното интерсирање на Белград за нив. Тоа значи дека не се залагам за промена на границите, туку за отворање на границите.