1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тарчуловски ослободен од затвор

БГ/миа10 април 2013

Јохан Тарчуловски е ослободен од затвор откако издржа две третини од 12 годишната казна која му ја изрече Хашкиот трибунал поради сторени воени злосторства за време на конфликтот во 2001 година.

https://p.dw.com/p/18D99
Фотографија: MIA

Јохан Тарчуловски денеска излезе од затворот во градот Диц, Германија, каде што издржуваше затворска казна поради сторени воени злосторства во конфликтот во Македонија во 2001 година. По излегувањето од затворот Тарчуловски бил пречекан од неговата сопруга Соња, блиски пријатели и иселеници, како и од македонските амбасадори во Германија и Холандија.

Според неговиот адвокат Антонио Апостолски, се очекува утре Тарчуловски да пристигне во Република Македонија. Според неофицијалните информации, македонската влада испратила авион со кој Тарчуловски ќе се врати во земјата, каде за него се подготвува и пречек.

Јохан Тарчуловски помина осум години во затвор, со што отслужи две третини од 12-годишната казна што му ја изрече Хашкиот трибунал. Тарчуловски беше единствениот граѓанин на Македонија осуден за воени злосторства за време на конфликтот во Македонија, во 2001 година. Тој беше прогласен за виновен за водење на полициската единица која уби група цивили, етнички Албанци и извршила други злосторства во село Љуботен, Скопско. Заедно со него, обвинет по принципот на командна одговорност, беше и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Бошкоски беше ослободен од обвинението.