1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тарифна реформа во јавните дејности во Германија

10 февруари 2005

Германскиот сојуз и општините се договорија со синдикатите во јавната дејност за реформа на тарифната регулатива. Таа покрај изедначување на платите на исток и запад на земјата, предвидува и флексибилизација, како и постепено воводување на правилото дел од платата да зависи од ефектот на работењето.

https://p.dw.com/p/AePM
Фотографија: AP

Новиот тарифен договор важи за околу 170 илјади службеници во општествените дејности, како и за околу два милиони вработени во општините. Тој не е важечки за службениците кои се во директна служба на државата, како и за вработените во покраинските институции. Реформата треба да го замени договорот кој важи од 1961 година наваму. Новиот договор, кој стапува во сила во откомври, значи дека на вработените во источна Германија платите годишно ќе им се зголемуваат за 1,5%, се додека во 2007 година не го достигнат нивото на плати на запад од земјата. Сега службениците на запад и исток ќе имаат и еднакво работно време, односно 39 часовна работна недела. Досега во западна Германија се работеше по 40 часви, додека во источна 38,5 часа неделно.

Поголемиот дел од покраините ја отфрла договорената реформа во јавните дејности како прескапа. Претседателот на Заедницата на германските покраини за прашањето на тарифите, Хартмут Мелринг, вели дека покраините со нивните 900 илјади вработени нема да можат тоа финансиски да го поднесат. Освен тоа, покраините имаат забелешки на должината на работното време, и бараат отстапки во однос на неговото флексибилизирање. Синдикатот на јавните дејности,пак, смета оти продолжување на работното време на службениците во покраините не е можно. Шефот на синдикатот, Франк Бзирске, изјави:

”За општините не договоривме продолжување на работното време, и во моментов со пет милиони невработени во земјата, продолжувањето на работното време би било најпогрешното нешто што може да се направи. Ако во покраините на дневен ред се стави продолжување на работното време и кратење на платите, ние велиме – по тој пат нема да одиме, тој е погрешен. Тоа не е реформа каква што ние потребна. Таква не е ниту рефромата што сега е договорена на сојузно и општинско ниво.”