Талибанците нудат размена на женски затвореници
7 август 2007Реклама
Радикалните Талибанци денеска понудија размена на заложници, но само за оние од женски пол. Според нивниот портпарол доколу бидат ослободени талибански жени од затворите во Авганистан, би можеле да бидат ослободени и некои од 18те грабнати Јужнокорејки. Авганистанската влада одбива ослободување на затвореници со образложение дека тоа би било сигнал за нови грабнувања.