Тадиќ – Србија не може и не сака да се откаже од Косово ниту од ЕУ
25 мај 2007Реклама
Српскиот претседател Борис Тадиќ на обраќањето на Самитот на шефови на 18-те европски држави во Брно, изјави дека Србија не сака и не може да се откаже од Косово, како што не може да се откаже ниту од својата европска иднина. Тадиќ додаде дека од европските држави очекува поддршка за зачувување на интегритетот и суверенитетот на својата територија. Претходно,
косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека е прашање на ден кога Советот за безбедност на ОН ќе донесе резолуција со која ќе биде отворен патот за независност на Косово.