1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

260511 Ägypten Wirtschaft

5 јуни 2011

Египет, на патот кон демократија, е соочен со демонстрации на луѓето незадоволни од темпото на промените и од влошената економска состојба. Туризмот доживеа слом, странските инвеститори се воздржуваат од нови вложувања.

https://p.dw.com/p/11SJJ
Фотографија: picture-alliance / dpa

Од самитот на Г8 дојде информација дека меѓународните финансиски институции ќе им понудат помош на Египет и на Тунис во форма на кредити, во вкупен износ од 20 милијарди долари за периодот до 2013 година. На есен, во Египет треба да се одржат парламентарни избори, први по соборувањето на режимот на Хосни Мубарак. Неизвесно е дали тие ќе дадат импулс за подобрување на состојбата.

Самир Маана од Каиро вели дека порано сосем добро заработувал, оти многумина туристи сакале да јаваат на неговите камили минувајќи покрај пирамидите:

„Сега кај пирамидите доаѓаат 300 до 400 туристи на ден. Пред револуцијата ги имаше десетпати повеќе, секој ден доаѓаа 4 до 5 илјади“.

Туризмот е на колена
Туризмот е на коленаФотографија: picture-alliance / dpa

Неизвесната политичка иднина произведува слом на инвестициите

Неговиот впечаток го потврдуваат податоците од министерот за финансии: приливот на приходи, кои веќе беа планирани во буџетот, е помал за приближно 1,6 милијарди евра. И инвестициите доживеаја слом. Севкупно, според сметката на министерот, економските последици на револуцијата досега изнесуваат околу двеипол милијарди евра. Прекинат е долгогодишниот бум на египетското стопанство.

„За Египет ова значи дека за наредните една-две години мора да смета на значително понизок стопански пораст, а годинава дури и на пад на економијата. Тоа пред се’ се должи на фактот дека и натаму е неизвесна политичката иднина на земјата“, оценува Михаел Маркс од агенцијата „Џермани трејд енд инвест“ од Каиро.

Многу странски фирми за време на револуцијата ги повлекоа своите експерти и соработници, но во меѓувреме речиси сите се вратија во Египет. Обновено е производството, повторно се монтираат автомобили во погонот на „Дајмлер“, а германскиот енергетски концерн РВЕ (ер-ве-е) повторно експлоатира гас во Египет. Но, речиси никој сега не инвестира во нови фабрики.

„Решенијата за инвестирање се во прв ред психолошки. Ако има висок ризик или неизвесност, никој не инвестира. А ние уште се наоѓаме токму во таква фаза“, вели Маркс, кој е советник на инвеститорите. Тој очекува заживување на инвестиционите активности дури од средината на наредната година - и тоа ако во меѓувреме се’ се одвива нормално.

Во наредните една-две години мора да се смета на значително понизок стопански пораст
Во наредните една-две години мора да се смета на значително понизок стопански порастФотографија: picture-alliance/ dpa

Помош е неопходна

На Египет му треба помош од странство, за да не стане економски и социјално уште понестабилен и да го турне во криза целиот регион. САД ветија отпишување на долгови од една милијарда долари, Саудиска Арабија вети поддршка од повеќе од три милијарди долари. ЕУ многу би помогнала кога би го отворила пазарот за земјоделски производи од Египет, но таа уште се штити со високи царини.

„Уште ќе има дискусија, посебно се средоземноморските земји-членки на Унијата, чии сопствени производи така би добиле конкуренција на пазарот. Нам во Германија ни‘ е полесно, оти кај нас не растат портокали и маслинки. Но, големиот интерес за успех на ’арапската пролет‘ ни‘ налага да ги отвориме пазарите“, изјави во Каиро експертот за надворешна политика на ЦДУ, Рупрехт Поленц.

Автор: Томас Борман / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска