1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Супер Марио“ се сели во Фиренца

БГ/дв/миа9 јули 2013

Германскиот репрезентативен напаѓач и доскорешен играч на актуелниот германски и европски првак е првата „жртва“ на новиот систем на тренерот Гвардиола. Гомез е продаден во Фиорентина.

https://p.dw.com/p/194BN
Фотографија: AFP/Getty Images

Новиот играч на Фиорентина, Марио Гомез, за својот поранешен клуб вели дека во моментов е најдобар на светот.

„Измешани ми се емоциите поради тоа што го напуштам најсилниот тим на светот и не можам да ја сокријам носталгијата. Но, пресудно што си одам од Бајерн е тоа што го сакам фудбалот и сакам да добивам поголема минутажа, едноставно сакам повеќе да играм. Фиорентина има големи амбиции, играат фантастичен фудбал и со нетрпение чекам да започне новата сезона“, изјави Гомез.

За неговиот трансфер италијанскиот клуб од Фиренца плати 16 милиони евра. 27-годишниот Германец сениорската кариера ја започна во Штутгарт од каде замина за Бајерн Минхен, клуб за кој во 115 одиграни натпревари постигнал 75 голови.

Henrich Mchitarjan und Robert Lewandowski
Хенрик Михтарјан и Роберт Левандовски во дуел од минатата сезонаФотографија: picture alliance/dpa

Во преодниот рок, Бајерн веќе се засили со Марио Геце од Борусија Дортмунд, а на пат од тој клуб кон Минхен е и новата „9“ на баварците - Роберт Левандовски.

Во обид да му парира на Бајерн и во новата сезона, Борусија досега доведе неколку засилувања. Најзвучното и најскапото беше реализирано вчера (08.07), откако беше потврден трансферот на Хенрик Михтарјан од екипата на украинскиот Шахтјор, за рекордни 25 милиони евра.