Сунитите го прекинаа бојкотот
9 септември 2007Реклама
Сунитите како последна од фракциите го завршија бојкотот и се приклучија кон работата на ирачкиот парламент. Бојкотот на сунитите го парализира парламентот во изминатите месеци и блокира донесување важни закони.
Британската армија најави повлекување на 500 од вкупно 5 ипол илјади војници, колку што во моментов ги има во Ирак.
И вчера во Ирак имаше повеќе акти на насилство. Само во напад со автомобил-бомба во шиитскиот кварт на Багдад Садр сити имаше најмалку 15 жртви.