Судири на полицијата и демонстрантите во Мадрид
26 септември 2012Голем кордон полицајци ја имаше опколено зградата, а дојде и до судири.
Некои од, според проценките, шест илјади учесници на протестите, ги урнаа барикадите и фрлаа со камења и шишиња врз полицајците. Полицијата употреби гумени куршуми и пендраци против масата. Според властите, биле повредени повеќе од 30 лица, а 22 демонстранти биле уапсени. На протести повикаа различни леви групации и приврзениците на движењето на „незадоволните“.
Под мотото „окупирај го парламентот“, демонстрантите бараа крај на драстичните мерки на штедење, со кои владата на премиерот Рахој девет месеци се обидува да го стави под контрола гигантскиот буџетски дефицит и повторно да ја врати довербата на инвеститорите.
Демонстрантите ја обвинуваат конзервативната влада дека со својата ригидна политика на шетедење ги крши претходно дадените изборни ветувања.
Задолжената Шпанија страда поради втората рецесија во тек на послендите три години и стапка на невработеност од 25 проценти. Владата донесе одлука за низа кратења, на на задолжените банки им е обезбедена помош во итни кредити од европски пари.