1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Суданците протестираат против скапиот бензин

ЖА/дв/дпа/ртре/афп26 септември 2013

Цените на лебот и на бензинот во Судан се егзистенцијални, протестите поради растечките цени на енергенсите во земјата прераснаа во судири. Во најмасовните безредија во ерата на претседателот Ал-Башир има 30 загинати.

https://p.dw.com/p/19p3d
Фотографија: STR/AFP/Getty Images

Суданските власти наредија распоредување воени сили во делови од градот по неколкуте дена безредија во кои загинаа најмалку 30 луѓе. Армијата го засили и обезбедувањето на Командата во Картум и реонот на претседателската палата.

Денеска (26.09.2013) во Картум демонстрираа повторно повеќе илјади луѓе поради мизерните услови за живот и социјалната беда.

Крвави протести избувнаа во понеделникот во Судан откако владата на Омаш Хасан Ал-Башир одлучи да укине субвенции за нафтениот сектор. Цените на горивата и бензините се зголемија двојно. Демонстрантите опожарија околу 20 бензиски станици во Картум и околните места. Запалени беа неколку полициски станици и голем број продавници во градот беа ограбени. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Протестите се‘ повеќе се насочуваат против владата на Ал-Башир. Демонстрантите скандираа: „Слобода“ и „Народот сака соборување на режимот“.

Државниот шеф Ал-Башир, кого Меѓународниот кривичен суд го бара со потерница поради геноцид, поради настанатата тензична ситуација во земјата го откажа планираното патување на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Неговото присуство во Њујорк беше спорно, без оглед што поради специјалните одредби за ОН САД немаше да смеат да го уапсат. Ал-Башир дојде на власт во 1989. година по воен пуч.