Строс-Кан се спогоди со собарката
11 декември 2012Доминик Строс-Кан, поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, постигна спогодба со Нафисату Дијало, собарката од хотелот „Софител“ на Менхетен, која го обвини за сексуален напад минатата година.
Со спогодбата таа парница е завршена пред њујоршкиот суд. Во граѓанската парница против Строс-Кан пред Врховниот суд на американската држава Њујорк во зградата на општина Бронкс, адвокатот Даглас Мекион изјави дека условите на договорот ќе останат недостапни за јавноста.
Строс-Кан не се појави во судницата, туку го застапуваше адвокат, додека Дијало беше присутна на барање на судијата.
Во август минатата година обвинителството ја отфрли кривичната тужба против Строс-Кан за сексуален напад поради некомпетентност на сведоците, т.е неусогласеност на изјавите на собарката, но случајот е продолжен како граѓанска парница пред судот во Њујорк.
Француски и американски медиуми известуваа дека Строс-Кан во вонсудската спогодба е подготвен да и‘ исплати на Диало околу 4,6 милиони евра. Но, ниту една од двете страни не ја потврди информацијата. Во Франција Строс-Кан мора да одговара во процес поради учество во секс-забави со проститутки. Обвинителството од Лил го товари 63-годишниот политичар за учество во подведување.