1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Строс-Кан е во домашен притвор

21 мај 2011

Поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан, е ослободен од истражен затвор со кауција.

https://p.dw.com/p/11Kr8
Доминик Строс-Кан не е посакуван како сосед
Доминик Строс-Кан не е посакуван како соседФотографија: AP

Ослободувањето на Строс-Кан беше одложено неколку часа, поради тоа што првично планираниот стан во кој требаше да биде во домашен притвор веќе не доаѓаше предвид поради огромниот интерес на јавноста. Новото привремено престојувалиште на поранешниот извршен директор на ММФ Доминик Строс-Кан е еден од најстарите облакодери на Њујорк, Емпајер Билдинг (Empire Building) во Менхетен, пренесува Асошиејтед прес. Претходно се претпоставуваше дека поранешниот челник на ММФ ќе остане во домашен притвор во еден апартман во луксузниот комплекс „Плаза Бристол“, еден од најмодерните квартови во Горен Менхетен. Сепак, обвинителите и адвокатите на Строс-Кан не можеа да постигнат договор во врска со овој апартман и на крајот беше одлучено тој привремено да биде сместен во Долен Менхетен.

Dominique Strauss-Kahn NYPD
Фотографија: picture alliance/abaca

Строс-Кан и` е предаден на безбедносна фирма, која треба да го набљудува неговиот домашен притвор. Претходно, адвокатите на Строс-Кан приложија кауција од еден милион долари во готово. Поранешниот шеф на ММФ е обвинет за наводен обид за силување и додека е во домашен притвор мора да носи безбедносна гривна.

Автор: ЕМФ/ТТ/дв

Редактор: Трајче Тосев