Стрелките нанапред!
24 март 2012Во недела во 2.00 часот завршува зимското сметање на времето и почнува летното. Часовниците ќе бидат поместени за еден час нанапред.
Промената на времето се појаснува со подобро користење на дневната светлина и подобар животен квалитет, бидејќи, мерено според часовници, во лето денот е подолг еден час. Критичарите забележуваат дека промената на времето е врзана за високи трошоци и мала економска полза. Редовно се дискутираат и можните влијанија врз здравјето на луѓето.
Во Германија летното сметање на времето е воведено во 1980 годиниа и до 1995 година тоа завршуваше на крајот на септември. Од 1996 година, во земјите на ЕУ летното сметање на времето трае од последната недела во март до последната недела во октомври - годинава тоа е на 28 октомври.