1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стратегија за интегрирано образование

7 октомври 2010

Запознавање на македонскиот јазик и јазиците на останатите етнички заедници преку игра и уште во најрана возраст- предвидува стратегијата за интегрирано образование што македонската влада ја усвоила во вторникот (05.10).

https://p.dw.com/p/PYAc
Фотографија: DW/Fatos Musliu

Според стратегијата, родителите ќе може да изберат во кое одделение нивните деца ќе може да почнат со изучување на македонскиот јазик од прво до трето одделение.

Овој концепт предвидува Македонците да ги изучуваат останатите јазици на заедниците кои што живеат во Македонија на изборно или факултативно ниво. За оваа реализација ќе треба да се формира паралелка од 24 ученици.

„Станува збор за флексибилен концепт кој овозможува изучување на македонскиот јазик преку запознавање и преку игра. Изучувањето на македонскиот јазик ќе започне во првиот период на образованието, во првиот циклус, од прво до трето одделение. Родителите ќе може да изберат од кое одделение ќе започне изучувањето на македонскиот јазик - од прво, второ или трето. Исто така, во овој дел имаме и концепт на изучување на останатите јазици на заедниците кои што живеат во Македонија, на изборна или факултативна основа“ изјави макеоднскиот министер за образование, Никола Тодоров.

Nikola Todorov Mazedonischer Bildungsminister
Никола ТодоровФотографија: MIA

Според анализата на ОБСЕ, учениците во Македонија од различни етнички заедници многу малку имаат контакт едни со други и во образовниот процес се предвидени многу малку заеднички активности. Поради ова, Владата ја поддржа иницијативата на ОБСЕ за подготвување на стратешки документ кој предвидува активности во пет важни столбови во областа на образованието.

Петте столбови кои треба да бидат носители на оваа стратегија се наставните програми и училишните текстови, кои според вицепремиерот за Рамковен договор ги извадија на виделина сериозните проблеми во оваа сфера.

Ќе се формира стручна комисија со мултиетничка структура.

Вториот столб е квалификација на наставниците, за да се зголеми квалитетот. Третиот столб е интеграција со заеднички активности, со што се предвидува заеднички мултиетнички програмски и вон програмски активности. Четвртиот столб е интеграција преку запознавање на јазиците.

Mazedonien Tafel
Според анализа на ОБСЕ, учениците во Македонија од различни етнички заедници многу малку имаат контакт едни со другиФотографија: DW/Fatos Musliu

„Одлуката од кое одделение од основното образование ќе почне изучувањето на јазикот од другата етничка заедница ќе треба да ја донесат во процесот на дебатата, самите родители и училиштата“, изјави вицепремиерот Адеми.

Петтиот столб на оваа стратегија предвидува поголема соработка меѓу централната и локалната власт во менаџирањето на училиштата.

Општото помагање на квалитетот на образованието, промоција на еднаквости, толеранција, мултијазичност, според Адеми, ќе овозможи отстранување на трендот на поделба во образованието и ќе треба да им обезбеди на следните генерации во државата мирна и мултиетничка иднина.

Високиот комесар за малцински права на ОБСЕ Кнут Волебек, денеска (07.10) во Скопје изјави ова е многу важен чекор за Македонија:

„Тоа значи дека треба да биде процес на широки консултации до сите учесници, локалната самоуправа мора да биде вклучена, здружението на учители, родителите, како и невладините организации и мора да биде транспарентен процес.
Сите знаеме дека мора да постои сопственост врз овој проект. На Владата и‘ понудив да бидеме дел од овој проект, но сепак владата ќе биде онаа водечка сила. Тие треба да го водат, имплементираат и раководат“ рече Волебек.

Автор: ЕМФ/макфакс

Редактор: Симе Недевски