Стратегијата на Буш за Ирак - в среда
9 јануари 2007Реклама
Ова го најави републиканскиот сенатор Гордон Смит по средбата со Буш во Вашингтон . Американскиот претседател официјално ќе ја објави новата стратегија за Ирак во обраќањето до нацијата во среда навечер по локално време. За финансирање на ангажманот на нови 20 илјади војници , Белата куќа има намера од Конгресот да побара одобрување за 100 милиони долари. Во конгрсот се очекуваат жестоки дебати за оваа тема, бидејќи од неодамна мнозинството во двата дома на американскиот парламент е во рацете на деморкатите. Повеќето од нив се залагаат за намалување на бројот на американските трупи во Ирак.