Странски и домашни набљудувачи на изборите во Македонија
4 мај 2006Мaкедонската влада наредната недела ќе го официјализира предлогот:„Барање до ОБСЕ“, за меѓународно набљудување на парламентарните гласања. Кон крајот на месецот во Скопје ќе допатува експертска претходница која од Државната изборна комсиија ќе ги преземе вчера усвоените правила за мониторинг на јулските избори. „Ние веќе разговаравме во европските престолнини за поддршка на тимот набљудувачи на ОДХР“ вели ЕУ амбасадорот Ерван Фуере.
Фуере најави и тренинг прирачник за странците, еден изборен лексикон, кој е кој на македонската политичка сцена и какви се можните слабости кои се регистрирани особено на последните слабо организирани локални избори.
Според невладината асоцијација МОСТ бројот на меѓународните набљубдувачи нема да биде поголем од 300 колку што беа на локалните избори „Граѓанската асоцијација МОСТ, како и до сега изборниот циклус ќе го покрие со околу 3.500 набљудувачи. Со тоа што планираме да покриеме во текот на целиот ден меѓу 70 до 75 проценти од вкупниот број избирачки места во Република Македонија. Тие набљудувачи ќе бидат распоредени во шест изборни едининици како и досега граѓанската асоцијација МОСТ во текот на деноот ќе известува за нерегуларностите и на крајот на изборниот ден ќе ги презенитра резултатите кои ќе бидат добиени врз база на паралното табелирање на гласовите “ кажа за Дојче Веле шеф на невладината асоцијација МОСТ, чии обучени кадри неодамна ги следеа и изборите во Украина.