130611 Neuseeland Erdbeben
13 јуни 2011Во земјотресот, според податоци на властите, се повредени десет лица, а во центарот на градот се урнати неколку објекти.
Илјадници луѓе бегаа од деловните згради и трговските центри на улица, се обидуваа да се засолнат додека ѕидовите се нишаа, а од фасадите паѓаа камења на улиците. Премиерот на Нов Зеланд, Џон Кеј изјави:
„Новите земјотреси предизвикаа уште поголема загриженост во Крајстчрч. Во моментов собираме информации. За луѓето во Крајстчрч, кои мораа да истрпат толку многу, ова е нов удар.“
Во февруари годинава, во земјотрес со јачина од 7,1 степен, беа уништени цели делови од градскиот центар, кои оттогаш се означени како црвена зона и се затворени. Тогаш животот го загубија 181 лице, а оштетени беа околу 10.000 приватни куќи и илјада деловни објекти.
Ако се спореди со тој земјотрес, сегашниот има мали последици, но тој ја зголемува загриженоста дека Крајстчрч би можел да биде погоден од уште посилни земјотреси.
„Сега размислуваме дали воопшто да останеме овде. Не сакаме децата да раснат во атмосфера на страв, во која, како сега, не се осмелуваат да излезат и да играат со другарите“, вели една жителка на градот.
Автор: Удо Шмит / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Жана Ацеска