1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од ширење на сириската граѓанска војна

АТ/ бера/ ап/ миа/ дв26 мај 2013

По нападот во главниот град на Либан, Бејрут расте загриженоста дека сириската граѓанска војна ќе ги зафати и соседните земји. Во погодената населба живеат голем број шиитски милиционери, кои го поддржуваат Асад.

https://p.dw.com/p/18eFh
Фотографија: AFP/Getty Images

Четири лица се ранети денеска во ракетен напад на сириската опозиција врз упориштата на исламистичкто движење Хезболах во Бејрут. Една од ракетите слета во јужниот кварт Мар Михаел и погоди изложба на автомобили во близина на една црква, соопшти либанската војска. Другата погодила втор кат во една зграда во населбата Чијах, јужно од Бејрут.

Либанската државна новинска агенција соопшти дека тројца од четворицата ранети биле Сиријци.

Ракетите беа истрелани само неколку часови откако водачот на Хезболах, шеикот Хасан Назрала вети дека ќе му помогне на Асад да победи во граѓанската војна и го предупреди дека неговото соборување би можело да доведе екстремисти на власт. „Им порачувам на сите чесни луѓе, муџахедини, херои: секогаш ветував победа и сега ви ветувам нова победа во Сирија“, изјави тој на церемонијата по повод одбележувањето на 13-годишнината од военото повлекување на Израел од Либан.

Овој инцидент укажува на се' поголемо преливање на сириската граѓанска војна во Либан. Борбите во пограничниот град Казир, кој вчера беше гранатиран од страна на војската на претседателот Асад со поддршка на Хезболах, укажуваат пак на се' поголема улога, која оваа шиитска организација ја има во конфликтот.

Во Либан имено постои верска поделеност, исто како и во Сирија и неговите вооружени групи заземаа страни во граѓанската војна кај соседот.