1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од нови земјотреси

20 мај 2008

Десетици илјади жители на југоисток на Кина ги напуштаат своите домови од страв од нови земјотреси.

https://p.dw.com/p/E2qq
Земјотресот во СечуанФотографија: picture-alliance/ dpa

Од страв од нови земјотреси, десетици илјади жители на градот Ченгду на југоисток од Кина, ги напуштија своите домови. Паниката ја предизвика еден извештај на телевизијата според кој во регионот претстои земјотрес со интензитет од 8 степени.

Ченгду е главен град на провинцијата Сечуан. Во регионот Пингву, според информациите на државната агенција Хсинхуа, биле регистриран потрес од 5 степени. Од катастрофата пред една недела имаше повеќе од 20 потреси со јачина од најмалку 5 степени според Рихтеровата скала.