Страв во Бенгази по убиството на командантот на бунтовниците
30 јули 2011Воениот шеф на либиските бунтовници според наводи на востаниците бил смртно застрелан од страна на членови на сојузничка милиција.
Абдел Фатах Јунис, кој долги години беше близок соработник на режимот на Моамер ел Гадафи и кој пребега на страната на бунтовниците, требало од припадниците на една милиција од фронтот кај градот Брега да биде донесен во Бенгази. Но, тој бил убиен од нив, изјави министерот за нафта на бунтовниците Али Тархуни.
Еден уапсен лидер на милицијата признал дека неговите подредени го извршиле убиството. Изјавите на министерот Тархуни укажуваат на тоа дека во редовите на бунтовниците има длабоки поделби. Јунис беше оспоруван во бунтовничките редови поради неговите долгогодишни врски со режимот на Гадафи.
Автор:СН/ АТ/ дв
Редактор: Александра Трајковска