1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сто дена на Димитри Медведев

Инго Мантојфел15 август 2008

Од пред сто дена Димитри Медведев според уставот е најмоќниот човек во Русија. Билансот на неговото претседателствување не е лош. Но, можеби би требало да биде малку посмостоен, смета Инго Мантојфел во својот коментар.

https://p.dw.com/p/ExkQ
Медведев: да излезе од сенката на ПутинФотографија: AP

Претседателот Димитри Медведев немаше среќа. Конфликтот во Јужна Осетија не само што му го расипа поволниот биланс од првите 100 дена, туку војната против Грузија го минираше неговиот став и маската за двојна власт во Русија, тандемска демократија со премиерот Путин.

Добар почеток на внатрешен план

До почетокот на конфликтот во Кавказ на Медведев му успеа да не направи поголема грешка на внатрешен план. Ќе беше фатално да се судреше со некоја моќна групација во руската елита. При турнеите во странство Медведев поентираше со својот пријателски стил и своите либерални и изјави во европски дух. На запад со радост беше примена најавата за стопирање на од Путин иницираните заострени закони за медиумите.

Кога премиерот Путин во јавен изблик на лутина го нападна вербално рудникот и фабрика за челик, Мехел, што доведе до вртоглаво паѓање на нејзините акции на берзата, Медведев внимателно се изјасни против државен притисок врз претпријатијата, без да го спомене Путин.

Ова сигурно не се херојски дела, но сепак знаци на самостојната политика на новиот руски претседател Димитри Медведев. Но, потоа дојде војната во Кавказ.

Несигурност и губење на иницијативата

Грузискиот обид да ја врати контролата врз сепаратистичкиот регион Јужна Осетија значително го влоши 100 дневниот биланс од владеењето на Медведев. Првиот ден делуваше дезориентирано и тешко се снаоѓаше во улогата на главен заповедник на армијата во Русија. На свој вообичаен начин, Путин од Пекинг како премиер ја презеде иницијативата и во саботата отиде во ненадејна посета на северноосетскиот Владикавказ. Медведев изгледаше како некој заменик, оставен дома, кој не решава, туку само ги пренесува натаму цврстите и непопустливи воени рекации на Русија против Грузија. Тоа беше крај на обидите на Медведев за приближување кон Европа. Со влегувањето на руските трупи во Грузија, јазот меѓу западот и Русија значително се продлабочи. Со тоа се заборавени либералните и проевропски зборови на Медведев.

Исто како и поделбата на улогите. И за земјата и за странство пораката е недвосмислена: власта во Русија ја има Путин.

Ако Медведев сака од својот народ и во странство да биде сватен како претседател , мора со зборови и дела да покаже дека не е најмоќен човек во Русија само според уставот.