1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотина загинати во стампедото во Индија

ЖА/афп/дпа13 октомври 2013

Во масовна паника пред индиски храм, каде биле собрани стотици илјади верници, загинаа над 90 лица, а повеќе од сто се повредени. Паниката избила по гласовите за можно уривање на мостот кој води до храмот.

https://p.dw.com/p/19yrO
Фотографија: strdel/AFP/Getty Images

Најмалку 90 верници загинаа, а повеќе од сто се повредени во денешното (13.10.2010) стампедо пред хиндуистичкиот храм во централна Индија. За време на религиозната манифестација илјадници верници биле собрани пред храмот Мандула Деви, на 55 километри од Датиа, главниот град на индиската држава Маџа Прадеш.

Стампедото се случило додека верниците го преминувале мостот на реката Синд во близина на храмот за да присуствуваат на религиозниот ритуал од деветиот ден на прославата на хиндуистичката празнична манифестација Наварати.

Паниката избила поради гласините дека мостот над реката е готов да се урне, бидејќи бил оштетен од трактор. Се стравувало дека притоа во водата ќе паднат голем број луѓе, изјави за агенцијата ДПА шефот на полицијата на индиската сојузна држава Маџа Прадеш, Д.К. Арија. Во храмот била прославувана манифестацијата Наварати во чест на индиската шестрака божица Дурга, која симболизира победа на доброто над злото.

Во Индија често доаѓа до случаи на избивање масовна паника. На маргините на најголемата верска прослава и аџилак во февруари на железничката станица во Алахабад загинаа 35 луѓе. Во 2008. година во стампедо кај храмот Хамунда загинаа над 200 лица.