1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотина жртви на бродолом во Индија

БГ/ЖА/миа1 мај 2012

Траект се превртил во реката Брамапутра, како последица на невреме и преоптовареност. Спасувачката операција се‘ уште трае.

https://p.dw.com/p/14nRO
Фотографија: AP

Повеќе од 100 луѓе загинаа, а 50 се водат како исчезнати при потонувањето на траект во Индија. Бродот со околу 300 патници се превртел во река во североисточниот дел на Индија, откако го зафатила бура со силни ветрови и пороен дожд. Спасувачките екипи, војската и полицијата се испратени на местото на несреќата, но спасувачките операции се забавени поради невремето, дождот и слабата видливост. Патниците седеле на покривот на траектот, кој превезувал претежно локални фармери и нивните семејства.

Несреќата се случила на Брамапутра, една од најголемите индиски реки во близина на Факираграм во индиската држава Асам. Траектот тргнал од местото Дубри и пловел кон дискриктот Факирганџан, каде се случила несреќата. Очевидци тврдат дека траектот бил стар и најпрво се превртел, а потоа се преполовил на два дела.