Стотина жртви во пожар во бразилски ноќен клуб
27 јануари 2013Реклама
Според бразилската телевизија „Глобо“, загинале најмалку 90 луѓе, но агенциите во меѓувреме јавуваат за над 120 жртви во пожарот во дискотеката „Кис“ во градот Санта Мариа, во сојузната бразилска држава Рио Гранде де Сул). Бројот на повредените се проценува на околу 200 луѓе. Телевизиските екипи кои се на местото на настанот зборуваат за вистинска трагедија.
Причината за пожарот се‘ уште не е позната. Можно е огнот да е предизвикан од пиротехничко шоу на група на сцената. Потоа избила паника, а дискотеката имала само еден излез. Пожарникарите утрово се‘ уште извлекуваат тела на загинатите од дискотеката. Не е исклучено бројот на жртвите на расте. Повредените се сместени во околните болници.