Стои ли Вашингтон зад турските напади?
23 декември 2007Реклама
Најновиот турски воздушен напад, чии вистиснки размери сеуште не се познати се случи шест дена по големата воздушна операција, во која беа нападнати штабовите и камповите на ПКК во Северен Ирак. Најавено е дека во операцијата изведена со разузнавачка помош на САД и се нанесени големи загуби на ПКК.
По посетата на Кондолиза Рајс пред четири дена на Киркугк, американската министерка за надворешни работи во најголема тајност била и во американската база Инџирлик. Иако не е познат целосниот карактер на нејзината посета на базата, се дознава дека меѓу другото целта била координација на разузнавачката соработка со Турција.