Стив Мекларен доби отказ
22 ноември 2007Реклама
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Стив Мекларен и неговиот заменик Тери Венејблс заработија отказ по синоќешниот пораз од Хрватска на Вембли од 3:2 со кој Англија не успеа да се пласира на ЕП во 2008. На англичаните им беше доволно и реми за да обезбедат пласман на шампионатот. Мекларен претходно изјави дека нема да поднесе оставка. Македонија го заврши квалификацискиот циклус со пораз на гостувањето во Израел од 1:0.