1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стејт Департмент: Македонија, генерално, ги почитува верските слободи

БГ/бета/миа31 јули 2012

Во извештајот на Стејт Департментот се наведува дека земјата ниту напреднала, ниту назадувала во поглед на почитувањето на верските слободи.

https://p.dw.com/p/15gv2
Фотографија: AP

Сите поранешни југословенски републики, освен Србија, генерално ги почитуваат верските слободи, а заштита овозможуваат и со нивните закони и Устав, се оценува во синоќа (30.07) објавениот извештај на американскиот Стејт Департмент. Во извештајот за 2011 година, Стејт Департментот меѓутоа наведува дека во светот јакнат ксенофобијата и антисемитизмот, а во сите земји од поранешна Југославија се забележани случаи на општествено малтретирање и дискриминација поради верски уверувања.

Во однос на Македонија, во извештајот се наведува дека земјата бележала статус-кво состојба.

„Владата ниту демонстрирала тренд кон подобрување, ниту кон влошување во однос на почитувањето и заштитата на верските слободи“.

Religiöse Vielfalt
Фотографија: Fotolia/VRD

Владата во Скопје продолжува да го применува законот за верските заедници што бара нивно регистирање кај владата, иако некои од нив се жалат дека тој не се спроведува подеднакво, стои во документот на Стејт департментот.

Најострите критики се насочени кон Србија за која се заклучува дека не ги почитува верските слободи, бидејќи законите и Уставот во оваа земја истите ги ограничуваат, а во пракса не ги почитува ниту владата.