1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стефков побара од Аврамопулос интензивирање на преговорите за името

АМ/миа/макфакс24 август 2012

Амбасадорот на Република Македонија во Грција Сашо Стефков денеска се сретна со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. Средбата е одржана на барање на македонската страна.

https://p.dw.com/p/15wD0
Фотографија: picture-alliance/dpa

Средбата претставува прв формален состанок на ова ниво од назначувањето на Аврамопулос на функцијата. До неа дојде по барање на амбасадорот Стефков. На средбата е разговарано за билатералните односи меѓу Македонија и Грција, за потребата од интензивирање на соработката и неопходноста за решавање на прашањето за името под покровителство на Обединетите нации.

Потребно е да се справиме со феноменот на национализам што ги труе односите меѓу земјите во регионот и ја поткопува европската иднина, тоа го порачал шефот на грчката дипломатија на одвоените средби со македонскиот и албанскиот амбасадор во Атина, Сашко Стефков и Дашнор Дервиши, информира грчкото МНР. Министерството пред одржувањето на средбите најави дека тие се од протоколарен карактер.

Ова е прва формална средба на амбасадорот Стефков со грчки министер за надворешни работи, ако се исклучи предавањето на акредитивното писмо од македонското МНР на тогашниот министер Димитрис Друцас, при назначувањето на Стефков на функцијата.

Иако од македонска страна беа упатени барања за средби на амбасадорот со претходните двајца грчки министри за надворешни работи Ставрос Ламбринидис и Ставрос Димас, тие не се одржаа.