Стартува деветолетката во Македонија
3 септември 2007Реклама
23.000 првооделенци во Македонија од денеска почнаат да учат според новиот концепт на деветолетка. Образовниот процес ќе се одвива во три наставни целини од по три години, а со него се опфатени сите деца со наполнети пет години и осум месеци. Со тоа се надоместува дефицитот во претшколското образование, со кое до сега беа опфатени само 11% од децата од таа возраст. Денеска започна и владината кампања „компјутер за секое дете“. До крајот на ноември треба да бидат инсталирани околу сто илјади компјутери во сите средни и постепено во основните училишта. Следната година во македонскиот образовен систем треба да бидат воведена и верска настава и задолжително средно образование.