1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стартуваше отвореното првенство на Австралија во Тенис

15 јануари 2007

Првиот ден од натпреварите на терените во Мелбурн го донесе и првото големо изненадување. Минатогодишниот четвртфиналист хрватскиот тенисер Иван Љубичич на стартот претрпе пораз од американецот Мерди Фиш со 3:1 во сетови

https://p.dw.com/p/Aegt
Без проблеми на почетокот, Роже Федерер
Без проблеми на почетокот, Роже ФедерерФотографија: AP

Останатите фаворити во машка и женска конкуренција на стартот минаа без проблеми. Светскиот рекет број еден Роже Федерер без проблеми во три сета го совлада германецот Бјорн Фау. Американецот Енди Родик се изнамачи против речиси анонимниот Јо Вилфрид Сонга од Франција, против кого одигра маратонски натпревар од пет сетови. Во женска конкуренција Амели Морезмо во два сета ја совлада американката Шинеј Пери. Пласман во второто коло обезбеди и најдобрата српска тенисерка Јелена Јанкович која ја победи Александра Вожнијак од Канада.

Инаку австралиската полиција вчера од натпреварувањата мораше да отстрани 150 навивачи, претежно срби и хрвати кои недоличнон се однесувале. Полицијата ја растерала толпата која за среќа имала само вербален дуел. Во инцидентот нема уапсени.