Стандард и Пурс го потврди највисокиот рејтинг на Германија
2 август 2012Соопштението на Стандард и Пурс доаѓа само една недела откако другата голема рејтинг агенција агенција, Мудис ја предупреди Германија дека и се заканува намалување на оценката за бонитетот поради можни проблеми со долгорочните долгови.
Стандард и Пурс наспроти тоа констатира дека Германија има разновидна и конкурентна економија со демонстрирана способност да апсорбира економски и финансиски шокови.
Рејтинг агенцијата Мудис минатата недала по изнезените влошени прогнози за кредитниот рејтинг на Германија и неколку германски покраини, ги намали прогнозите за бонитетот на 17 германски банки од „стабилни“ на „негативни“.
Погодени се пред се‘ покраинските банки, но и Германската индустриска банка ИКБ и Дојче пост банк, како и државната банка за поддршка КфВ.
Намалување на оценката за кредитоспособноста може да води кон повисоки камати при земањето кредити.