Стабилно со предизвици поради случувањата во регионот
1 ноември 2007Реклама
Советот за национална безбедност на Македонија заседаваше по инцидентите што во последно време се случија во регионот кон границата со Косово и заклучи дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна . Според највисокото безбедносно тело во земјата сепак постојат предизвици во контекст на регионалните случување , пред се бурниот процес на одредување на статусот на Косово.