„Српските избори ќе ги спречиме и со сила“
20 март 2012Реклама
Eлектронските медиуми во Приштина пренесуваат дека Красниќи во интервју за RTV 21 рекол дека Собранието на Косово ја усвоило резолуцијата за оневозможување на локалните и парламентарните избори на Србија на Косово, како и дека ова е обврска на извршната власт.
„Резолуцијата ја обврзува владата да спречи какво било незаконско однесување кое е во спротивност со Уставот и законите на Косово“, изјавил претседателот на косовскиот парламент.
Прашан дали тоа значи употреба на сила, Красниќи одговори: „Се разбира, тоа подразбира и употреба на сила“.