Српската влада ќе се реконструира и персонално и содржински
6 јули 2013Реконструкцијата на целите и задачите не се прави „под присила“, туку поради добрите резултати, тврди Александар Вучиќ, кој ќе учествува на утрешниот (07.07) состанок на лидерите на владејачката коалиција посветен на реконструкција на владата.
Првиот потпретседател на српската влада додаде дека нема сомневање оти ќе има „притисоци и лоши зборови“ поради реконструкцијата и дека на крајот ќе има незадоволни:
„Не мислам дека кој било што се чувствува повреден или погоден ќе реагира жестоко, но таков е животот. Ако сакате да седите во ладовина и да чекате настаните да ве претекнуваат, тогаш нема да постигнете никаков резултат за својата земја.“
Според Вучиќ, владата може да се сака или не, но нејзините резултати „ги признаваат речиси сите земји во светот, со кои Србија денес има подобри односи отколку порано“. Тој нагласи дека реконструкцијата на владата ќе биде завршена до 27 јули.