Средба со Нимиц
21 септември 2006Реклама
Нема нови моменти во спорот. Милошоски вели дека средбата е искористена за да се претстави новата влада и единството во ставовите со претседателот околу името:
“Тоа беше добра шанса уште еднаш да ги реафирмираме позициите и да ја подвлечеме усогласеноста на ставовите во однос на името до завршувањето на изборите во Грција не би требало да се очекува поголема динамика во однос на преговорите, а после тоа ќе останеме во комуникација преку нашите преговарачи кои се во постојан контакт со господинот Нимиц и ќе определиме кога и како би дале поголем интензитет на ова прашање.“