Средба на ЕУ министрите за надворешни работи
2 септември 2005�во во унијата и Австрија.
Еврокомесарот Рен, денеска се изјасни и околу процесот на приклучување кон унијата ан Бугарија и Романија. Тој рече дека до двете земји се испратени писма, кои практично значат жолти картони поради незавршените ангажмани што треб ада бидат исполнети. Забелешките се однесуваат на реформата на судските системи и борбата против корупцијата. Бугарија и Романија би требало да станат членки на унијата на 1 јануари 2007 година.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Њупорт разговараат и околу помошта за Палестинците. Тие, според најавата, на крајот од средбата во Њупорт треба да постигнат согласност за помш во висина од 60 милиони евра, од кои 40 милиони треба да бидат употребени за инфраструктурни проекти во појасот Газа, по повлекувањето на Израел.
Од разговорите на шефовите на дипломатии на земјите на унијата, денеска протече и информацијата за подготвеноста на ЕУ да им се помогне на САД поради штетите од ураганот Катрина. Тоа, според првито европски дипломат, Хавиер Солана, значи и дека би се доставиле резерви на сурова нафта со кои располага унијата. Инаку, за ураганот и неговите последици, како и за вртоглавите цени на нафата, ќе говориме во последниот дел од оваа емисија.